СООПШТЕНИЕ на МК: Е-комерц да влезе во измените на законот за платежни услуги
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА, 21 ЈУЛИ 2023 ГОДИНА од политичка партија Македонски Концепт:
ПОДДРШКА и ДОПОЛНА НА ИНИЦИЈАТИВАТА за измени на Законот за платежни услуги и платни системи
Политичката партија Македонски Концепт, дава целосна поддршка на иницијативата за измена на Законот за платежни услуги и платни системи, со која се предвидува забрана за наплата на провизии и надоместоци за отворање, водење или затворање на трансакциска и девизна сметка за физички и правни лица, за отворање и водење на дебитна или кредитна картичка, забрана за месечни членарини, забрана за наплаќање за ажурирање на лични податоци на корисниците на платежните услуги, промена на статусот на корисникот на платежна услуга (од резидент во нерезидент и обратно), промена на дневен лимит или промена на пинови, за аплицирање или промена на дозволено пречекорување, регистрање и овозможување непречено користење на услугата електронско банкарство и електронско плаќање (активен профил), како и услуги на мобилно банкарство (инсталација, регистрација, обнова на УСБ сертификати и сл.), поднесена од група пратеници и доставена во Собранието.
Во насока на заштита на граѓаните од нерамноправната и неповолната состојба во која се наоѓаат во изминатите години и која директно влијае на нивната социоекономска положба, Македонски Концепт предлага дополнување на иницијативата во делот на давачките за @-комерц, за правни лица кои продаваат производи и услуги преку интернет, нивно намалување во рамките на износите кои се светска пракса.
Македонски Концепт смета дека банките во Македонија се доволно стабилни, да не е прифатливо опаѓањето на главните приходи од каматите да го надоместуваат од зголемување на провизиите и другите надоместоци на грбот на граѓаните.
Центар за комуникации и анализи
Македонски Концепт