БОРЕЦ од 21ви век: Ја сакам правдата и нема да молчам!

Живот, Македонија

Младата Македонка Бојана Миленковска од економски факултет при УКИМ повторно изненади со својот став објавен на социјалните мрежи.

Ни се допаднаа размислувањата на Бојана и ви ги пренесуваме во целост како што самата ги објави на својот Фејсбук профил:

Молчењето не е злато, туку согласување со неправдите!

Човек кој ја сака правдата, не молчи, туку се бори за неа!

А јас ја сакам правдата и нема да молчам!

Секој еден од нас, може да направи нешто! Нешто малку! Колку толку, доволно е!

Зашто и морето е збир на капки вода! Капка по капка, море! Човек по човек, народ!

А кога народ ќе се случи, тогаш тешко ќе пливаат нечесните во длабоки води!

Јас сакам да бидам една капка од тоа море! Бидејќи промените почнуваат од самите нас!

Да бидеме што е можно погласни! – пишува Бојана.