(Тажно видео) ЕКСТРЕМНО МАЛТРЕТИРАН бугарин избега од Македонија

Хроника

Бугарските медиуми известуваат за екстремно малтретиран бугарин од Македонија, на кого му е спречено правото да гласа на бугарски изботи во земјава, само поради тоа што бил замислете БУГАР!

Бугарот Вене, беше антически Македонец кога беше во власта со Никола Груевски и директор на Агенција за финансиско разознавање, потоа стана анационален измеќар на Заев, кога доби други две државни функции, Директор на Агенции.

Откако на државна сметка, малтретираниот бугар Ване го прошета цел свет и малата Дунавка му ги собра паричките од државната каса, бате Ване мораше да стане бугар за да куртули од обвинувањата за криминал во Македонија.

Бугарскиот имунитет е ставен на располагање на секој бандит од Македонија, па и на поранешниот функционер Ване Цветанов, кој избегал од Македонија откако пред 4 месеци против него беше поднесена кривична пријава за злоупотреба на над 75 илјади евра, на приватните журки со државни пари со Дунавка.

Бегството самиот го пријави во интервју за бугарската телевизија „Нова“, каде загрижени известија дека има случај на нова бугарска жртва во Македонија.

Како претседател на државниот Совет за унапредување и надзор на ревизијата, Цветанов ја ангажираше жена му Дунавка Трифуновска во што тој не гледаше ништо спорно бидејќи имале склучено само црковен брак.

„Не сум виновен ама знам дека ќе ме осудат“ вели Цветанов кој на бугарската телевизија се пофали дека бил еден од главните противници на Никола Груевски и многу му помогнал на Зоран Заев да дојде на власт.

Последните месеци Цветанов го откри Бугаринот во себе и рече дека до лани се декларирал како Македонец оти се занимавал со политика. Откако останал без функција и без паричките од Дунавка, бате Ване наеднаш се избугарил и станал малтретиран бугар!

Бугарија достигна дно живота, погледнете репортажа на бугарска шизофрена телевизија за малтретираниот бугарин:

https://www.vbox7.com/play:036e8903a4