МАЧЕНИК НА НАЦИЈАТА: Игор Николовски (†26), на денеш ден загина ЗА МАКЕДОНИЈА!

Македонија

На денешен ден (26.03.2001) кај Караулата Чашка, поточно село Грачани загинува Игор Николовски (†26), резервист во АРМ, додека бил во патрола на набљудувачките пунктови во тој дел на северната граница.

Маченикот на нацијата Игор Николовски, семеен човек и патриот, доброволно ја облече униформата и стапи во резервниот состав на Република Македонија. Застана во одбрана на Татковината и иднината на својот син Благојче и на сите македонски ќерки и сонови.

За жал, судбината сакаше малиот Благојче чие раѓање беше најрадосниот ден за Игор и неговата сопруга, да расте без својот татко Херој! Неговата мајка никогаш не може да го прежали својот покоен домаќин.

Во годините на распламтената младост, кога наполни 26 лета, на 26 март 2001 година Игор го подари својот живот за слободата на Македонија!

Одговорноста за иднината на семејството на Херојот на Македонија, останува на нашата држава, која постои поради саможртвата на Хероите Бранители од 2001 година. Сега и засекогаш остануваат најубавите спомени.

ВЕЧНА ТИ СЛАВА ХЕРОЈУ!