БРУКА НЕВИДЕНА поправаат 5км автопат повеќе од 3 години

Хроника

Автопатската делница Петровец-Катланово во должина од 5 километри сè уште стои раскопана, со дупки и прокопи без никакви градежни активности, иако почна да се реконструира уште во 2020 година, а не пак да изградат нови 110км  автопат.

Иако станува збор за делница од само 5 километри, таа сè уште не е завршена. На потегот ниту во моментов не се работи, а надлежните од Јавното претпријатие Државни патишта тврдат дека работите се веќе почнати.

Сите граѓани знаеме дека власта лаже, секој кој поминал на овој дел од автопатот „Пријателство“ кон Грција гледа дека на терен нема никакви градежни работи. Нема ниту еден работник, ниту пак градежна механизација. Потегот е запустен, како да е заборавен и како да станува збор за пат кој е надвор од употреба. Стојат само знаците кои го насочуваат сообраќајот бидејќи дел од патот е затворен веќе три години.

„Работите за рехабилитација со проширување на автопат А1, делница Петровец – Катланово, лев и десен коловоз веќе се отпочнати. Избран е нов изведувач фирмата „Макимсан“ од Турција, а надзор е Градежен институт Македонија здружен со Евро Конслатинг. Вредноста на договорот е 6,3 милиони евра кои се обезбедени од Европската банка за обнова и развој“, велат од Државни патишта.

Но никој не дава одговор, која беше фирмата која започна со работа, колку пари се потрошени до сега, колку се украдени од нив, и зошто е раскинат договорот со првата фирма Бетон?

Според договорот со турската фирма оваа делница од автопатот треба да биде готова до крајот на годинава.

На автопатот повеќе од една година нема никакви градежни работи, а лани летото беше раскинат договорот со изведувачот „Бетон“ оти не се почитуваше динамиката за работа. Но повторно нема одговор зошто не е готов до сега и дали се наплатени пенали на фирмата изведувач која не успеа да го исполни договорот?

„Поради енормно слабиот прогрес на работите и пробивањето на рокот, бевме доведени во ситуација да го раскинеме договорот, оти истиот не беше почитуван. Распишавме постапка за избор на нов изведувач. Таа е завршена и имаме избрано нов изведувач.

Тој би почнал со работа следната година, согласно временските услови. Делницата ќе биде завршена следната година“, кажа пред три месеци министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, без никој да му побара одговорност.

Според проектот покрај нов асфалт на овој дел треба да се изведе уште една односно трета лента, која постоеше и пред тоа, па не е јасно како тоа се проширува со нешто што веќе постои од време на Тито и Јованка?

Криминалот во земјава ги надмина сите можни граници!