ТУРЦИЈА СЕ ПОВЛЕЧЕ од нови Ф35, останаа со старите Ф16

Свет

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека за американската администрација е прашање на „национален интерес и безбедност“ да ја снабдува Турција со застарени авиони Ф-16 и да обезбеди модернизација на борбените авиони што веќе ги има таа држава.

Блинкен тоа го кажа среде Анкара, со што му зададе силен шамар на Ердоган пред очите на турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, и неговата желба за нови Ф35 воени авиони од американско производство.

Највисокиот американски дипломат рече дека администрацијата на претседателот Џо Бајден продолжува да ја поддржува испораката на застарените Ф-16 на Турција.

Како што вели и претседателот Бајден, отсекогаш ни била важна способноста на Турција и НАТО за заеднички операции, истакна Блинкен, со што покажа висок стил на хумор, бидејќи и Бугарија ги добива истите авиони од САД.

Ние стоиме рамо до рамо во борбата против заедничките безбедносни предизвици, рече американскиот државен секретар, поздравувајќи ја улогата на Турција во поддршката на Украина.

Во октомври 2021 година, откако Анкара се повлече од амбицијата да ги добие американските Ф-35, побара 40 борбени авиони Ф-16 и речиси 80 комплети за надградба во вредност од околу 6 милијарди долари.

Сепак, испораките на американско оружје за Турција станаа предмет на расправа во САД, откако Анкара се здоби со руски ракетни системи С-400.

За разлика од нив, Грција и Изреал веќе имаат големи испораки на најмодерниот Ф35, а тие две земји се најголемите непријатели на Турција. Пораката од САД за Ердоган е повеќе од јасна, не може да седи на две столчиња и да си игра со Путин.