БУГАРИЈА НА АПАРАТИ: Европјаните 1913 фотографирале ДОМОРОДНИ МАКЕДОНЦИ

ИСТОРИЈА, Македонија

За време на Балканските војни, пред официјалната поделба на Македонија на три дела, претставници на европските монархии ја посетиле територијата на која имало огромен број цивилни жртви, со цел да ги констатираат последиците и злосторствата врз Македонците.

Покрај англиски, германски и австро – унгарски комисионери, имало и претставници на Франција, кои после посетата и направени автентични слики од македонските села и градови, објавиле Извештај со автентични докази.

Токму во тие докази секаде низ Македонија се констатирани автохтони, домородни или етнички Македонци, со секако и останати Грци, Евреи, Власи и сл.

На фотографија 145 направена во Солун, веднаш по пристигнување со брод на солунско пристаниште, и први средби со обичното население, француската делегација запишала ,, Солун – Домородни МАКЕДОНЦИ ”, на француски јазик.

Ова го пишува на многу фотографии од пред Големата (прва светска) војна, од сите градови од сеуште неподелена МАКЕДОНИЈА до 1913 година, каде е назначено дека ние сме ,,Домородни МАКЕДОНЦИ – Домороден народ МАКЕДОНСКИ”.

Тоа значи дека европјаните кои имале мисија низ Македонија многу јасно и прецизно констатирале дека ние сме МАКЕДОНЦИ – Домородни /автохтони/ етнички МАКЕДОНЦИ.

На нас Македонците не ни текнало самите да се нарекуваме Македонци, туку целиот свет не нарекувале МАКЕДОНЦИ како Домороден /автохтон/ МАКЕДОНСКИ народ, каде сме на истата земја МАКЕДОНСКА, од Шар планина до Драма и Кавала, и од Пирин па се до Олимп планината, како што тогаш европските комесари во своите извештаи ја опишувале територијално Македонија.