Гаши со поранешните собраниски претседатели: Формиран Совет за институционална меморија

Македонија

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешната трета средба со поранешните собраниски претседатели ја потпиша одлуката за формирање Совет на поранешни претседатели на Собранието.

На средбата присуствуваа поранешните претседатели Тито Петковски, Никола Поповски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески.

Идејата за формирање на Советот била презентирана на претходните две средби, одржани во октомври 2025 и април 2026 година.

Советот ќе функционира како неформално советодавно и консултативно тело, со цел да се зачува и унапредува институционалната меморија на Собранието, да се придонесе кон развојот на парламентарната практика и демократијата, како и да се обезбедуваат стручни и советодавни мислења за прашања поврзани со работата на парламентот.

На средбата биле разгледани и повеќе прашања поврзани со функционирањето на Собранието. Поранешните претседатели и актуелниот претседател размениле мислења за одделни процедурални прашања, дигитализацијата на парламентарното работење во рамки на Националната стратегија за дигитализација, како и за идејата за формирање Библиотека на Собранието.

Во фокусот биле и други актуелни прашања поврзани со работата на парламентот и теми од поширок интерес за државата.