ПАНИКА ВО БУГАРИЈА, Шарло ги „пошљакал“

ИСТОРИЈА

Првиот и единствено вистински комунист во Македонија бил Методија Шаторов Шарло, кој додека 99% од Македонците биле со ВМРО (и леви и десни), тој со уште осум члена отвориле Комунистичка партија во Македонија, во рамки на БКП и се бореле за независна македонска нација, држава и јазик.

Бугарската пропаганда од една страна и лажните квази комунисти гладни за фотелји и негови политичките противници во Македонија, од Методија Шаторов – Шарло насила се обидоа да го побугарчат и да го претстават како бугарски шпиун, само поради тоа што не се согласувал КПМ да премине под капата на КПЈ, туку да се одвои од БКП и да си стане самостојно движење на Македонците за Македонија.

Човекот кој скапал по бугарските затвори, поради неговиот македонистички поглед на работите, од страна на бугарските измеќари кои се пишувале како Бугари, како Лазар Колишевски на пример, бил клеветен за бугарофил, а потоа и избркан од Македонија.

Тоа им одговараше на живковистите во Бугарија, кои едвај чекаа да го присвојат и прогласат за Бугарин, прв комунист во бугарска Македонија.

Но се појавија оригинални документи за дејноста на Шарло и неговата легендарна изјава која вели:

„Господата од Белград и Софија спорат за Македонија, а македонскиот народ ич не го питаат. Тиа поробители на Македонија, имаат тепегјозлук да зборуваат оти македонскот народ бил српски, бил бугарски и оти Македонците немале историја, јазик и др. Македонските поробители лажат! Во сушност Македонците не сет ниту Срби, ниту Бугари, а сет само Македонци.“ – заклучил Шарло.

Бугароманите до ден-денес се надеваат дека про-југословенските и про-српските политички противници на Шарло го убедиле македонскиот народ дека Шарло е бугаромански родоотстапник, па запаметен како таков, ќе ѝ припадне на бугарската национална историја.

Наше е да им покажеме на бугарските мрсници дека Македонија нема да се откаже од ниту едно свое чедо!