ЗАЕВ ОТКРИ: Груевски свесно помогна за ПРОМЕНА на ИМЕТО

Македонија

Екс премиерот Заев на свој Фејсбук профил, во кој најави дека нема да се кандидира за претседател, јасно и недвосмислено открива дека екс премиерот Груевски е меѓу тие кои што помогнале да се соберат 80 пратеници и да се смени Уставот за промена на името во Северна.

Во едниот параграф Заев каде директно го споменува Груевски тој тврди дека сега азилантот во Унгарија намерно ги помагал процесите за промена на името.

,,Убавината на сите овие противења, кочења, негодувања, мрчења, суетности, вака од дистанца гледано, е во тоа што токму тие луѓе, со своето противење, несакајќи, а богами некои од нив и свесно и намерно (Груевски на пример) ги имаат помогнато сите овие процеси.“

Со ова Заев дирекно потврдува дека Груевски СВЕСНО И НАМЕРНО помогнал за промена на името на Македонија и договарање на осумте пратеници.

Во друг параграф Заев посочувајќи ги луѓето меѓу кои е и Груевски вели дека има директна помош за обезбедување на двотретинско мнозинство за промена на името.

,,Тие луѓе, политичари, новинари, аналитичари … индиректно, а богами и директно во клучните моменти за државата помогнаа за обезбедување дури и на двотретинско мнозинство (осумте пратеници) во парламентот за Договорот од Преспа и другите важни одлуки…”.

Во трет пасос Заев упатува посебна благодарност до луѓето кои директно го помогнале клучниот чин за собирање на 80 гласа за смена на Уставот.

,,п.с. Посебна благодарност до некои од тие луѓе што и директно го помогнаа клучниот чин (ќе се препознаат верувам таквите) за земјата неповратно да се постави на шините кон НАТО и ЕУ, чинот со кој 80 пратеници дадоа согласност за Договорот од Преспа”, пишува Заев во текстот што е одговор на нападот од Груевски кого индиректно го посочува во обраќањето.

Сите го знаеме Заев кој важи за човек што многу лаже и манипулира, но и кој точно знае како течеше криминалниот процес за промена на името и кој помогнал и соработувал со него за обезбедување на осумте пратеници, како замена за слобода и бегство во Будимпешта.

Прашањето е зошто Груевски и после толку месеци и после толку напишани статуси и објави, до денес ниту го демантирал ниту го тужеше Заев за клевета. Тоа значи дека зајко ја кажал вистината! За прв пат!