Северна станува западна

Забава

После скандалот со промена на уставното име на Македонија, без да се обезбеди влез во ЕУ, веќе станавме предмет за потсмев пред цел свет. Во таа насока и шегата на премиерот на Албанија, Еди Рама.

Тој искажа уверување дека после промена на името во Северна Македонија, сега нема да ни побараат да станеме Западна Бугарија за да влеземе во ЕУ. Тоа ја отсликува реалноста во која живееме, после скандалозната промена на име без јасни позиции за иднината на земјава.