Дали премиерот Заев страда од дeмeнциja?

Македонија

Што предизвикува екстремно виткања на кичмата на премиерот Заев? Која и да е состојбата во која се најдува, премиерот треба да објасни многу работи пред македонската јавност. Очигледно е дека изумил што говореше пред референдумот за промена на името Македонија. Како што и самиот кажува, има проблем и тоа биле годините. Дали премиерот страда од деменција?

После пораката од грчката Влада, премиерот Заев по брза постапка покажа неверојатна можност за виткање на кичма. До степен да го загрози и самиот Преспански договор. Дали доколку Грција побара сега да се наречеме Ескими, Заев ќе каже дека тоа е според Преспански договор?

Бараме целосна имплементација на Договорот од Преспа и неговиот дух, го повикуваме Заев да се воздржи од реторика на поделби, особено во такво чувствително прашање како што е фудбалот, рече Пелони, портпаролката на грчката влада која реагираше на твитот на премиерот Зоран Заев кој ја користи придавката „македонски национален фудбалски тим“.

Премиерот Зоран Заев без да размисли и да и каже на госпоѓата Пелони да си го прочита Преспански договор пред да дава изјави, тој денеска на Скопскиот економски форум призна дека направил грешка кога кажал „македонската репрезентација“ бидејќи како што рече, тоа е во спротивност со Преспанскиот договор. Што се случува со премиерот? Деменција ли е во прашање или непознавање на Преспанскиот договор?

Секогаш праќам пријателски пораки, верувам во Преспанскиот договор, го направив заедно со пријателот Алексис Ципрас и јас сум првиот што го следи, некогаш се случува да направам грешка имам 46 години се случува да го спомнам тоа во една реченица и да го повторам некогаш, рече Заев.

Доколку продолжи ова понижување на македонската нација, претстои опасност да биде уништена државата. Дали премирот Заев ја загрозува државноста? Дали треба да се најде начин да се провери деловната способност на премиерот? Тоа е сериозна дилема, која треба да добие и разврска во Парламентот на Македонија.