
„Нешнл Географик“: Светот има петти океан!
Милиони деца ширум светот пораснаа учејќи ги основните факти за географијата: има седум континенти и четири океани.
Сѐ до сега.
National Geographic, една од најистакнатите и највидливи групи за создавање мапи во светот, официјално донесе одлука за постоење на петти океан. Наречен Јужен океан, тоа е водно тело што го опкружува Антарктикот.
Претходно познат како теснец Герлаче, овој слив на најјужните делови на Тихиот, Атлантскиот и Арктичкиот океан отсекогаш бил интересен – а понекогаш и спорно место за океанографите.
Одлуката за објавување на новиот океан се совпаѓа со лансирањето на Planet Possible, новата иницијатива на National Geographic за информирање, инспирација и зајакнување на луѓето да живеат полесно на планетата.
Обично, промените на светските мапи се резултат на политички промени – на пример, Чехословачка се подели на Чешка и Словачка или Свазиленд гласаше за промена на името во Есватини.
Но, наместо да ја рефлектира промената во светот, Петтиот океан е редок пример на креатор на мапи што се обидува да ја промени планетата.
Географот Алекс Таит објаснува зошто конвенциите за именување можат да бидат толку важни.
„Дел од мапирањето на светот е користење на имиња на места и одлики што се вообичаена употреба кај луѓето што го опишуваат светот, и ова влегува во некои други работи освен геополитичкото именување“, изјави тој за Си-Ен-Ен Травел.
„Океаните се една од тие работи, затоа сакаме да водиме евиденција како научниците, патниците, писателите, луѓето користат имиња на места.
Таит побрза да додаде дека иако познатото значење на National Geographic во светот на мапирањето му дава поголема важност на неговиот официјален декрет, другите веќе го користат терминот Јужен океан.