
КАЛИН македонската гордост, втор на турнирот во ТУНИС
Најталентираниот македонски тенисер, Калин Ивановски, немаше сили за да дојде до триумф на турнирот М15 Монастир во Тунис, заврши на второ место.
И покрај тоа што имаше брилијантен настап, сепак во финалето, 18-годишниот Калин загуби од 30-годишниот домашен тенисер, Моез Ешаргуи со 2:1 во сетови.
Калин (543 место на АТО листата) го доби првиот сет со 6:3, по што неговиот противник славеше во вториот со идентичен резултат.
Голема борба се водеше во третиот, решавачки сет, во кој Тунижанецот (358 на АТП) славеше дури по тај брејк 7:6 (7:5)