
Дали ЗАЕВ е среќен добитник на црната листа на САД?
Домашната јавност долго време ја очекува црната листа на САД, на која се шпекулира да се најдат високи политички фигури, но експертите смируваат и предупредуваат дека спектакуларните очекувања и најави не значи дека ќе се остварат.
Американскиот Стејт Департмент и амбасадата на САД во Македонија се во дослух и тесна соработка од која треба да произлезе новата „црна листа“ која ќе биде една од алатките со кои САД ќе се борат против корупцијата во државата, пишува ТВ Телма.
Ова го потврдија од Стејт департментот за Гласот на Америка од каде соопштија дека членот 7031(ц) се разгледува како алатка за ставење под контрола корупцијата во Македонија. Инаку овој член предвидува кога тоа е соодветно, ставање на црна листа на функционери на странски влади вклучени во значителна корупција кое повлекува автоматска забрана за влез во САД.
Иако, според нашите информации, црната листа е веќе пристигната во Скопје и се чека на нејзина верификација. Засега останува тајна кој и колкумина ќе се најдат на неа и дали ќе има актуелни политичари, пратеници, министри, судии и обвинители.
Дали Заев ќе биде среќен добитник на честа да се најде на црната листа на САД и да им се приклучи на неговите пријатели Груевски и Мијалков? Американците, информираат нашите извори, добиле сознанија за „чудни“ сметки на владиниот великан на истите „рајски острови“ од каде потекнуваат и инвестициите на „фамилијата на режимот“.
„САД се посветени да ги повикаат на одговорност оние кои се вклучени во значителна корупција и ќе продолжат да ги користат сите достапни алатки за борба против корупцијата на глобално ниво.
Кога државниот секретар ќе добие веродостојни информации дека поранешен или сегашен странски владин функционер бил вклучен, директно или индиректно, во значителна корупцја или грубо кршење на човековите права, секретарот е должен да го назначи или идентификува тој службеник или неговите или нејзините непосредни членови на семејството според членот 7.031 (Ц) или јавно или приватно“, велат од Стејт Департментот.
Американскиот претседател Џо Бајден уште на почетокот на својот мандат донесе извршна наредба согласно која на црна листа ќе се ставаат лицата кои директно или индиректно се одговорни за поткопување на демократските процеси или институции на Западен Балкан, вклучително за корупција и прекршување на човековите права.