МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ реагира на заканите на ЗАЕВ кон Богојески

Политика

Во врска заканите на Заев кон Богојески, објавени на порталот Фокус, со своја реакција се јави и политичката партија Македонски Концепт:

РЕАКЦИЈА ДО ЈАВНОСТА

27 ЈАНУАРИ 2023 ГОДИНА

МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ РЕАГИРА НА ЗАКАНИТЕ НА ЗОРАН ЗАЕВ ДО ПЕТАР БОГОЈЕСКИ

Политичката партија Македонски Концепт, јавно реагира и искажува незадоволство поради заканите кои Зоран Заев, премиер во сенка, ги упатува кон националниот лидер на нашата партија Петар Богојески, во врска со неговото последно интервју за неделникот Фокус во кое тој отворено зборува за криминалното поведение на македонските политички елити.

Заканите и подметнувањата нема да не поколебаат кон нашата цел, а тоа е целосен рестарт на државниот систем и со тоа и правда за арамиите, кои се служат со такви методи.

Наместо закани, добро е Заев да даде одговори дали има сопственост или удели во фирми во Грција, Дубаи, Индија, Африка и разни острови низ светот?

Тие одговори не ги бараат само Македонски Концепт и Богојески, туку сите македонски граѓани во земјава.

Македонски Концепт има нулта толеранција кон криминалот и корупцијата, а тоа дополнително ќе го покажеме откако македонските граѓани ќе ни дадат можност да управуваме со државните институции за прогон на криминалците, особено оние од политиката.

Тим за комуникација со јавност

Македонски Концепт