ПОРАКА за Бранителите од 2001 до АХМЕТИ упати Богојески

Политика

Петар Богојески, лидер на Македонски Концепт упати јавна порака до Али Ахмети, лидер на ДУИ во врска со неговата изјава кон Украинците, дека треба да веруваат во себе и ќе ги победат Русите на начин како што тие во 2001 година ги победиле Македонците.

Богојески кој ја смета ДУИ за левичарска, марксистичко – ленинистичка партија и која шурува со путинизмот, реагираше на изјавата на Ахмети со следните зборови:

„ПОРАКА ДО Ali Ahmeti

Пријателе,

во 2001 година изгуби УЧК и плановите за освојување на македонски територии!

Победи Идеалот за суверена и европска Македонија и Бранителите!

Токму фактот што вие прифативте амнестија, е најдобар доказ за тоа дека признавте пораз и се поклонивте на македонската Република!

Тука да сме на чисто!“ – потенцираше Богојески од #МакедонскиКонцепт