ДРАМА: Бугарин го претепал избугарениот ОХРИЃАНЕЦ и избегал
Еден од претепувачите на охридскиот избугарен Македонец Христијан Пендиков кој сеуште се наоѓа во бегство, бил Бугарин со бугарско државјанство и не е јасно дали истиот избегал токму во Бугарија, информираат високи полициски извори.
-До сега се уапсени тројца напаѓачи, но се уште трагаме по четвртиот. Знаеме дека станува збор за човек кој е бугарски државјанин и кој живее во Битола. Го имаме неговиот идентитет, но тој е во бегство. Постојат индиции дека е можно да побегне во Бугарија или веќе да е побегнат таму. – открива високо позиционираниот полициски службеник.
Се обидовме информацијата да ја потврдиме во СВР Охрид, но портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски само не информираше дека истрагата за претепувањето уште не е завршена и дека охридската полиција по насоки на јавен обвинител се уште има оперативни активности и поради тоа не може да ни издадат повеќе детали.
Познавачите на полициските процедури, велат дека штом се уште се отворени оперативните активности, но не се знае дали станува збор за намерно исценирана провокација, каде е избран наркоман за „жртва“, од страна на вметнат провокатор од Бугарија, каде се злоупотребени чувствата на неколку момчиња од Охрид.
Инаку, пред околу еден месец токму од СВР Охрид е поднесена кривична пријава против сега претепаниот Христијан Пендиков. Тогаш тој, во планината покрај селото Лескоец бил затекнат како продава дрога, по што се дал во бегство и бил уапсен од полицијата.
-Очигледно станува збор за пресметка на дилерска група, со можна поврзаност со Бугарија. Тепаниот исто така е со бугарско државјанство како и еден од тепачите. Така што, постојат сериозни ендиции дека оваа нарко група оперира во координација со соседна Бугарија. – вели нашиот извор.
Инаку, дилерот демек жртва Пендиков со државен авион беше транспортиран во Бугарија, што е доказ дека зад провокацијата и испланираната акција за дестабилизација на Македонија стојат бугарските државни служби. Ова значи дека на одреден начин тој е заштитен да не излезе пред лицето на правдата за дилањето на дрога.
Во Софија имаше и собири за поддршка за осомничениот нарко дилер, кој во исто време бил секретарче на бугарско клубче во Охрид, организирани од докажани руски агенти во Бугарија, како Џамбаски и Костадинчето.