ОСМАНОВ сепак солидарен со ЏАМБАСКИ, нема забрана за влез
Одговарајќи на прашање зошто се чека ситуацијата дополнително да ескалира за европратеникот да се прогласи за непожелна личност во земјава, Османов вели дека смета оти не треба да им се дава тежина на такви, како што рече, маргинални провокатори кои ниту нивното матично општество не ги поддржува. Сепак, ако дојде до ескалација, како што рече Османов, ќе се преземе чекор и Џамбаски ќе биде прогласен за непожелна личност.
Сега откако состојбата ескалираше и откако беше превоспитано избугареното другарче на Џамбаски, за шефот на дипломатијата Бугар Османов сеуште не било опција земјава да го прогласи за персона нон грата бугарскиот европратеник и копретседател на бугарската ВМРО-БНД, избугареното македонче Ангелче Џамбаски, бидејќи, како што рече, неговата цел освен да провоцира е и да се самопромовира преку реакцијата која ќе ја предизвика кај нас.
Изјавата на Османи ја повтори и денес, откако бугарскиот европратеник Ангелче Џамбаски минатиот викенд во Скопје негираше постоење на држава Македонија и на Македонците, нарекувајќи ги бугарски, а потоа неговиот пулен во Охрид, за слични тврдења беше соодветно третиран.
„Ние таа дилема ја имавме и овде бидејќи ова го разговараме во Министерството. Има предлози да го прогласиме за персона нон грата, меѓутоа ние мора да ги размислиме сите аспекти. Дали со тоа му правиме услуга на човекот?
Ако ескалира состојбата, можеби ќе го смениме мислењето и ќе мораме да донесеме таква одлука дури и на сметка на тоа што ќе му направиме таква услуга. Но, засега сметаме дека не треба да ја играме неговата игра туку да си имаме наша стратегија“, изјави шефот на дипломатијата одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција.
Одговарајќи на прашање зошто се чека ситуацијата дополнително да ескалира за европратеникот да се прогласи за непожелна личност во земјава, Османи вели дека смета оти не треба да им се дава тежина на такви, како што рече, маргинални провокатори кои ниту нивното матично општество не ги поддржува.
„Не сакаме да дадеме преголема тежина на такви маргиналци. Да беше тоа изјава на министер, да беше тоа изјава на пратеник на власта во собранието тоа веќе има други импликации. Меѓутоа, ние сега да правиме приказна од провокатори кои не ги сака ниту своето семејство и општество и тука сега некој Џамбаски да ми одзема мене дел до мојата прес-конференција, извинете, но не сакам да ја играм неговата игра“, рече Османи и додаде дека дополнително ќе се разгледа опцијата за европратеникот да се прогласи за непожелна личност во земјава доколку се процени дека тоа е потребно.
Сега после ескалацијата на состојбата, дали Бугар Османов е подготвен да преземе одговорност за погрешната проценка и дали токму владата и такви министри како него ќе ја преземат одговорноста за инцидентот во Охрид на ден Водици.
Дали новинарските забелешки дека се чини оти македонската дипломатија практично се плаши да преземе конкретен чекор во врска со однесувањето на нејзиниот европарламентарец, беа на место со оглед на фактот што токму поради ненавремено преземени мерки од страна на Османов и Министерството за надворешни работи веќе работите излегоа од контрола?
Според бугарското МНР, за нив не е важно што тие го провоцираат и навредуваат македонскиот народ во секоја прилика, важно е избугарените деликвенти низ Македонија да имаат лиценца да убиваат и силуваат, нешто слично како за време на бугарската окупација на Македонија.
Бугарите не гледаат никаква вина кај себе, виновни биле Македонците кои се обидуваат во самоодбрана да се заштитат од бугарскиот гнасен шовинизам, кој ги премина сите граници. Всушност таков шовинизам денес покажа и бугарскиот МНР Милков кој ја навреди цела Македонија, пред очите и ушите на Бугар Османов.
Дали со ова Милков повика на ескалација на состојбите и дали Македонците треба дополнително да се пресматаме со негаторите на македонскато постоење, посеани низ Македонија како гниди од бугарскиот шовинизам?
Бугар Османов во таа прилика изјави дека нема повеќе да се толерираат такви историски негации, дали од фактот што е дирекно виновен за ескалација на состојбите во земјава или во обид да го покрие срамот на неговиот колега од Бугарија.