ГЕРМАНИЈА со вонредни шамари за СПАСОВСКИ

Хроника

Министерството за надворешни работи во Берлин ги предупредува германските граѓани да бидат будни и претпазливи при патување во Македонија, бидејќи земјата не е безбедна.

Како што се наведува, на граѓаните им се препорачува да се информираат од доверливи локални и социјални медиуми во врска со актуелната ситуација и да ги следат препораките на локалните власти и безбедносни сили, пренесува „Дојче веле“.

„Закани со бомби против јавни институции и објекти во последно време се регистрирани во главниот град Скопје. Тие првично беа насочени кон училишта и владини објекти, но во меѓувреме се погодени и хотели и други невладини установи. Последно, беше неопходна евакуација на меѓународниот аеродром во Скопје каде сообраќајот мораше да биде привремено запрен“, се вели во соопштението на германското МНР.

Берлин посочува дека досега сѐ е „останато на закани“ и од германските граѓани се бара да бидат будни и претпазливи. Дали зборот „досега“ означува дека Берлин се сомнева во реализација на бомбашки напади, не е прецизирано.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи информираше дека за дојавите за бомби се информирани НАТО партнерите, потенцирајќи дека вакви закани се случуваат и во регионот.

„Вчера комунициравме со структурите на НАТО, да видиме каков хибриден пристап кон регионот може да се случи, која може да биде причината“, рече вчера министерот.

Воедно, премиерот Димитар Ковачевски порача дека станува збор за хибридна војна и потврди дека надлежните сектори во МВР работат на ова прашање во координација со партнерските служби од НАТО.

Македонија го проби дното со оваа неспосбна власт. Стигна да биде на список на земји ризични за патување, како Уганда и Ангола. Во исто време Спасовски не убедува дека безбедноста е подобрена и ефикасноста на МВР е на највисоко ново до сега. Кој срам.