Кое е Вашето мислење за мepкaта од Мepкo?

Живот

Општина Струга на својата Фејсбук страница и градоначалникот Мерко се пофалија дека го разубавиле речното корито на река Црн Дрим.

Реката Црн Дрим во Струга посине или позелене, зависно од која боја сака да ви ја претстави Рамиз Мерко.

Должината на осветленото корито е 900 м. Тоа изгледа одлично за дел од јавноста, додека пак останати граѓани жестоко критикуваат.

Екологот и професор по биологија, Кирил Пржо, жестоко го критикува овој проект на општина Струга. Тој смета дека осветлувањето на речните води, го менува циркадијалниот ритам на живиот свет (се губи чуството за ден и ноќ). Дополнително осветлување го зголемува или изменува циклусот на раст на водните алги, што влијае врз квалитетот на водата во реката. Светлината го нарушува животот на рибите особено чуство за ориентација, комуникација и растење. Осветлувањето ја зголемува температурата на реката. Загадувањето со светлина значително го намалува живиот свет во градските средини, со што го спречува нивното хранење, размножување и движење.

Мерко за оваа „инвестиција“ потрошил 110 илјади евра.

Што мислите вие за оваа најнова мерка од Мерко?