Дали позеленуваат химната, грбот и знамето на Македонија?

Македонија

Сите медиуми проширија силна порака од Али Ахмети, дека наводно тој преговара со премиерот Зоран Заев за промена на химната, знамето и грбот.

Таа вест беше молскавично демантирана од СДСМ и кабинетот на Заев. Дури СДСМ манифестираше голема доза нервоза за провокацијата од Ахмети, во рамки на новата зелена ДУИ, да ги позелени и химната, грбот и знамето на Македонија.

Секој момент се очекува СДСМ и премиерот Заев да му се извинат на лидерот на ДИУ што воопшто си дозволиле да реагираат на неговата изјава.

Сепак појаснување пристигна и од ДУИ преку министерот Бујар Османи.

Тој за „Клик Плус“ на ТВ21 ги демантираше тие пишувања во медиумите, и кажа дека тоа е несериозно пренесување на изјава.

Дека се преговара пишуваат медиуми, а не дека Ахмети вели. И јас можам да демантирам дека Ахмети рекол такво нешто, и тоа е несериозно пренесување на изјава која е за пред 20 години кога се разговарало за знамето, за химната, за грбот. Згора на тоа имаше промена на грбот. Но, нема такви преговори, а очигледно е дека прашањето на химната не е инклузивен елемент во државата, и тоа го чувствувате на спортските натпревари кога се не спојува, освен химната каде еден голем дел од граѓаните не се гледаат внатре, не се споменуваат. А, ние градиме едно мултиетничко општество за кое сите ни завидуваат, вели Османи.

Со други зборови, Османи ги демантираше медиумите со намера да ги потврди дека сепак химната мора да се освежи или позелени во стилот на ДУИ.