ВОНРЕДНО од НАТО: Каде се парите од ОНИШЧЕНКО?

Политика

Во последните две години Агенцијата за разузнавање воопшто не била прашана за странски лица кои бараат државјанство, истакна синоќа претседателот Стево Пендаровски во емисијата „Патот кон“ на Алсат ТВ.

„Последниве две години Агенцијата за разузнавање воопшто не е прашана за мислење за странски државјани кои бараат државјанство. За жал, ниту во случајот со Онишченко, таму воопшто не беа прашани, иако имаа информации за Онишченко и други лица“, рече Пендаровски.

Претседателот не прецизираше дали информациите на АР за Онишченко се дали тој знае да јава коњи или му оди послабо?

Шефот на државата беше прашан за мислење за случајот со прорускиот олигарх Олександр Онишченко, за кого Агенцијата за национална безбедност призна дека направила пропуст со издавање на македонско државјанство, а Владата потоа покрена постапка за одземање на неговиот пасош.

Агенцијата за разузнавање на чело со Еролд Муслиу е под надлежност на претседателот на државата, а претседателот рече дека било задолжително оваа институција да биде прашана за мислење.

Веројатно на претседателот не му кажале дека екипата од МВРО под Обиџуко не сака да дели, па ако прашале во АР ќе требало да споделат и со екипата од таму.

„Првиот ден реков дека ова недозволиво за земја члена на НАТО. Тоа беше голем пропуст и кикс на неколку државни институции. Се работи за огромен скандал кој неспорно го руши кредибилитетот на државата.

Јас бев вчера во главната команда за Европа на Алијансата и таму ме прашуваа, меѓудругото, за тој случај и што мислам за него и до каде е постапката“, рече претходно Пендаровски.

Пендаровски не беше прашан дали знае каде завршија парите од Онишченко и кој уште му ги чува на другарот на Путин!