ВАЖНО: Бујар ОСМАНОВ шеф на АМЕРИКАНСКИОТ ТИМ за корупција?

Македонија

Бујар Османи, министерот за надворешни работи, го поздрави пристигнувањето во Скопје на американскиот експертски тим за борба против корупција и извести дека тие доаѓаат по нивно барање со цел да ја спроведат визијата на ДУИ за ветинг кој ќе ги опфати сите нивоа на државното управување, освен се разбира екипата на Ахмети.

– Го поздравуваме засилениот ангажман на САД во поддршка на домашните институции во владеењето на правото и борбата против корупцијата. Штом го започнавме стратешкиот дијалог, САД прво финансиски не помагаше. Ни даде над 4 милиони евра само за прашањето на владеење на правото. Еве сега продолжува со дополнителни механизми, преку поддршка од страна на експерти, искористување на нивните механизми.

Тоа е дел од тоа ние што го побаравме. Јас стравував дека ќе останеме без таков мониторинг ако преговорите (со ЕУ) се одложат. И тогаш им рековме на САД – дајте да ја подигнеме на повисоко ниво оваа наша слабост. – кажа Бујар и остана жив!

Тоа значи дека единствен кадар кој може да го води американскиот тим за корупција е самиот Бујар Османи, но тоа да биде тим за организирање на корупција.

Кај нив е напишано „корумпираните актери“, што мислам дека е едно сеопфатно гледање. Корупцијата не е само во политиката, туку на секое ниво. Секаде каде што граѓаните бараат услуга на шалтер. И ништо не сме направиле ако немаме сеопфатен пристап – од портирот на врата до највисокиот функционер, искоментира шефот на македонската дипломатија.

Тимот за санкции од САД пристигна во Македонија за да изврши увид во бившите и сегашните корумпирани функционери, по што ќе следува и соодветен одговор, објави вчера американската амбасадорка Анџела Агелер на Твитер.

„Тимот за санкции од Вашингтон е тука заради поагресивен поглед на минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни одговори. На правосудниот сектор во Северна Македонија му требаат повеќе истраги и гонење за да се покаже дека никој не е над законот“, напиша Агелер на Твитер.