СМЕНЕТЕ уште еднаш УСТАВ и готово, нема гаранции за влез во ЕУ

Европа, Македонија

Македонија се наоѓа пред важна одлука дали преку претстојната промена на Уставот ќе го трасира патот за отворање на поглавјата во поединечни области, како на пример економската политика или владеењето на правото.

Не, не, не е тоа Ангела. Таа беше предходно со истава сказна. Сега истата сказна ни ја прераскажа германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер на заедничката прес – конференција во Скопје со домаќинот, неговиот колега Стево Пендаровски.

И јас сум тука за да ве уверам дека вашата земја може и понатаму да се потпре на поддршката на Германија на патот кон ЕУ, но земјата мора да продолжи со рефорската агенда. За патот кон Европа вреди и следниот тежок чекор. – порача германскиот гостин, кој очигледно нема многу работа по дома во Германија.

– Јас сум многу свесен дека С. Македонија на својот пат кон ЕУ беше конфронтирана со особени потешкотии, дека довербата на луѓето во ЕУ беше оптоварена со Договорот од Преспа со Грција. Вие дадовте импресивен пример за тоа дека е можно да бидат надминати долгогодишни длабоки разлики, но се разбира само доколку постои политичка волја од двете страни. И за вашата прагматична подготвеност за компромис за засилување на добрососедските односи кон Бугарија, Ви благодарам. Јас сум убеден дека овој став на крајот ќе се исплати, ќе вреди, рече Штајнмајер во своето обраќање.

Тој потенцира дека оваа негова посета на Македонија се случува 15 години по последната посета на германски претседател, но доаѓа во особено важен момент за земјата. Со членството во НАТО и со тековниот процес за пристап во ЕУ, Македонија, додаде Штајнмајер, донесе за себе клучна одлука за правецот во кој ќе се движи, одлука за иднина во мир и во слобода и во една рамка која ќе му ги понуди на стопанството најдобрите можности за развој.

Германскиот претседател го честиташе и почетокот на преговорите со ЕУ во јули годинава и потпишувањето на Договорот со ФРОНТЕКС на македонски јазик, оценувајќи дека тоа е признание за улогата на Македонија како сигурен партнер којшто е подготвен и меѓународно да преземе одговорност за лидерство.

– Останува важно С. Македонија да продолжи понатаму со својот внатрешен реформски процес. Вие кажавте дека овој реформски процес ќе биде продолжен и јас сакам да ви кажам дека вашата земја може да се потпре на поддршката од Германија и понатаму. Ние отсекогаш сме ги поддржуваме ЕУ перспективата на С. Македонија, како и можноста за пристап на Западен Балкан и се залагаме за прием на овие земји во ЕУ.

Со еден збор С. Македонија е дел од европското семејство. Со својата култура и јазик, вашата земја, во тоа сум убеден, ќе ја збогати ЕУ и уште повеќе ќе го зголеми различноста на оваа заедница, не само на културен план С. Македонија и ќе ја збогати ЕУ, рече шефот на германската држава.

Тој истакна дека посакува пристапниот процес за Македонија да се случи многу брзо и да нема нови пречки, но реформскиот процес на земјата мора да продолжи и можете да сметате на поддршката од Германија.

Во однос на тоа колку е реален планот на македонската Влада земјава да стане членка на ЕУ до 2030 година, Штајнмајер изјави дека тоа не може да го предвиди.

– Дали тоа ќе биде 2030 година, мора да разберете, никој во моментов тоа не може да го каже, ниту политичарите од С. Македонија, ниту од Германија, ниту пак од ЕУ. Никој не може да вети, но треба да се стремите кон тоа и целта треба да биде стремежот да се постигне оваа цел и таа е присутна тука. Реформскиот процес тука во земјата треба да се движи со брзината која што е потребно од аспект на пристапување во ЕУ, се надевам дека тоа ќе се случи што е можно побрзо, рече Штајнмајер и му залепи јак шамар на вд премиерот Таче.

На новинарско прашање како гледа на тоа дека „во пристапните преговори е вклучена и Историска комисија“, Штајнмајер вели дека веќе зборувал за посебни услови, односно како што рече, „посебни оптоварувања“ во пристапниот процес.

– Под тие оптоварувања сметам дека овој пристапен процес и во минатото беше поврзан со многу историски прашања и се бавеше со нив, при што кога зборуваме за пристап кон ЕУ, всушност зборуваме за прашања од сегашност и за заедничката иднина во Европа, така што би сакал само да советувам – акцентот да биде поставен во тој правец, не кон минатото и да не се бараат нови пречки, оцени Штајнмаер и остана жив со јакиот му совет, со што на Македонците ни кажа дека мора да менуваме идентитет ако сакаме во ЕУ.

Шефот на германската држава и во обраќањето во Парламентот, ги повика пратениците да продолжат решително да чекорат по патот на пристапниот процес.

-Свесен сум дека патот кон Европската Унија е сè освен лесен, дека довербата и трпението во преговорите ќе бидат оптоварени, но мојата молба до вас пратеници, но и до сите граѓани на Северна Македонија е да продолжите да чекорите по патот на пристапниот процес и тоа решително, не скршнувајте на последните метри, порача Штајнмајер.

Посочи дека на 16 јули оваа година Собранието испиша историја. Ја донесовте, рече, одлуката што сигурно не беше едноставна за никој од вас за гласање на протоколот со Бугарија за да продолжите да чекорите по европскиот пат.

Протоколот со Бугарија и потребната уставна промена, како што посочи, ги засегаат луѓето во Македонија бидејќи се работи за прашања од националниот идентитет, македонска историја, јазикот и културата и дека граѓаните на земјава одредуваат како треба да изгледа македонскиот идентитет денес и како треба да изгледа во иднина. При тоа додаде дека оваа уставна промена, е повеќе од собирање политички поени и станува збор за повеќе од партиско политичко или лично профилирање.

– За патот кон Европа вреди и следниот тежок чекор. Можам да ве уверам имаме голема почит кон вашата земја како резултат на вашиот крајно трнлив пат кон ЕУ. Вашата земја докажа политичка храброст. Охридскиот и Преспанскиот договор покажуваат дека вашата земја го владее тоа што е најтешка задача во демократијата воопшто, да се водат болни дебати, да се решаваат дебати и да прифаќаат компромиси, додаде германскиот претседател.