СКАНДАЛ: Избришани 80.000 МАКЕДОНЦИ на Пописот во Бугарија

Балкан, Македонија

Бугарите сочинуваат 84,6 отсто од населението, втора етничка група се Турците со 8,4, а трета Ромите со 4,4 отсто од оние што се изјасниле на пописот, во Бугарија за 2021 година, соопштува официјалната статистика.

За време на последниот попис на населението на Бугарија во септември минатата година, наводно како Македонци се изјасниле 1.143 лица. Тоа едвај го соопшти Националниот статистички институт на Бугарија, соопштувајќи ги податоците за етничката припадност на населението според одговорите на попишаните.

Со датумот 7 септември 2021 за Бугари се изјасниле 5.118.494 лица или 84,6 отсто од оние што одговориле на прашањето за етничката припадност. Втора по големина етничка група се Турците –  како такви се определиле 508.378 лица, или 8,4% о од оние што одговориле. Трета група се Ромите – 266.720 лица се изјасниле како такви, или 4,4%.

Бројот на Македонците, Бугарија се обидува да го сокрие со низа технички и присилни мерки, а сите оние кои се изјасниле како Македонци, наводно влегуваат во рамките на другите помали етнички групи, кои според оние што се изјасниле за припадност на пописот се 79.006 лица, или 1.3 отсто од населението. Во таа група спаѓаат и оние што се декларирале како Помаци (15 илјади лица) и бугаро-мухамеданци (10.800 души).

Македонците и другите помали етнички групи ги нема во пописните резултати. И тоа е дел од стратегијата на Бугарија, која трае скоро 100 години, за систематско административно бришење на Македонците од популацијата во таа земја.

Само обичен преглед на нелогичните резултати од пописите во Бугарија од 1946 година до денес, јасно докажува за какво организирано државно  насилство станува збор.

Но на новинарско прашање на прес-конференцијата на која се објавуваа резултатите, кои се другите етнички групи, сосема на крајот беа спомнати Македонци и тоа дека такво „чувство“ изразиле 1.143 лица.

Бугарија спроведе организирано непопишување на Македонците на овој попис. Само дел од тие кои се попишале електронски како Македонци се прикажани како бројка од 1.143 луѓе. Но зошто не постоеше можност граѓаните да се изјаснат како Македонци?

На оние кои се изјаснувале како такви, бугарските попишувачи им кажувале дека нема такво нешто и дека ако инсистираат може да бидат казнети. Оние кои инсистирале да се попишат за Македонци и покрај заканите, им било кажано дека не постои графа Македонец и мора да ги стават во графата „не се определил“ или “не сака да даде одговор“.

Некои од попишаните Македонци наводно „не можеле да се определат“, бидејќи Македонец не постоел, објави статистичкото биро, а нивниот број изнесува 15.746 лица.

Дел од Македонците кои не сакале да се изјаснат за Бугари, биле внесени во графата „не сакале да одговорат“ и тоа вкупно 63.767 лица.

Ова значи дека повеќе од 80.000 Македонци кои се изјасниле како такви во Бугарија, насилниот и антиевропски режим во Бугарија ги избришал со административни трикови. Ова е лесно докажливо за што треба да се алармира јавноста и институциите на ЕУ, каде Бугарија е наводно членка.