
Султанот Ердоган заминува од власт, кој е рокот?
САД се враќаат на медитеранот. Новиот претседател на САД, Бајден е решен да ги симне од власт сите европски диктатори. Највеќе на удар е турскиот султан Ердоган и украинскиот премиер Орбан. Многу поголем предизвик е султанот Ердоган. Според информациите до кои доаѓаме акцијата е веќе во тек.
Султанот Реџеп Таип Ердоган свитка кичма пред Бајден. Тој изјави дека Турција и Соединетите Американски Држави влегуваат во „нова ера“ на односите, кои беа влошени во последните години, пренесуваат агенциите. Со цел да ја замајува домашната јавност, Ердоган наводно ги повика САД да ги почитуваат суверените права на Турција, а јасно е и за него дека крајот му доаѓа.
Турскиот султан се обидува да се оправда само неколку дена по неговата прва средба со американскиот претседател Џозеф Бајден од стапувањето на должноста. Двајцата се познаваат со години, а се сретнаа за време на самитот на НАТО во Брисел. На таа средба, работите станаа повеќе од јасни. Ердоган си заминува од власт. Кој е рокот?
Ердоган пред да си замине се обидува да ги поправи лошите врски со САД и другите западни партнери. Неговата влада се соочува со економски пад, влошен од пандемија на коронавирусот, но и истрага за огромна корупција на неговите најблиски соработници и фамилија. Во говорот емитуван на телевизија, клекнатиот султан Ердоган рече: „Се согласивме дека нема прашање што не можеме да го надминеме и дека, напротив, областите на соработка се поголеми и попрофитабилни“.
Султанот моли за милост, пред се да му остане богатството на сигурно, пред да замине. Тој има долг список на несогласувања, вклучително и поддршката на САД за курдските борци во Сирија и купувањето од страна на Турција на рускиот одбранбен систем С-400, што го налути Вашингтон и ја исфрли Анкара од програмата за производство на најновите американски борбени авиони Ф-35 и доведе до санкции на високи претставници на турската одбранбена индустрија и забрана за воени лиценци за извоз.
Вашингтон вели дека рускиот систем претставува закана за безбедноста на НАТО и инсистира на тоа дека санкциите не можат да бидат укинати се додека Турција не се ослободи од системот вреден 2,5 милијарди долари. Тоа е услов за султанот Ердоган да замине во мирна пензија. Дополнително мора да им попушти на курдските борци во Сирија за кои тој смета дека се само продолжение на деценискиот вооружен курдски бунт во Турција.
Ердоган го опиша неговиот разговор со Бајден како сеопфатен и продуктивен и рече дека се согласиле да се состанат повторно. Рокот за султанот да замине мирно од власта е до крајот на 2021 година. Тој треба да испорача неколку задачи за да биде оставен на слобода. На тоа султанот Ердоган одговори:
„Веруваме дека ја отворивме вратата за нова ера со САД на позитивна и конструктивна основа“!
Русија и Путин веќе го пуштија низ вода Ердоган, преговараат за свои интереси. Во овој момент дилемата е само кој ќе го наследи и ќе ја врати демократијата во натовска Турција.