
CКAНДAЛ: Лојалните на Мицкocки дел од рycкaта aкциja за бyгapcкoтo прашање
Минатата недела забележана беше широка офанзива на сите проруски елементи од Македонија, кои се обидуваат да го спречат решавањето на бугарското прашање во Македонија.
Акцијата започна со неколку објави на порталот ЗООМ и споделени лажни вести и информации од Бугарија со кои се фокусираше јавноста во промоција на бугарските позиции.
Следуваше објава на ставот на лидерот на партијата ГДУ Петар Колев, на истиот портал. Тој во целост застанува на страната на антимакедонските ставови во Бугарија и рушење на македонските позиции во разговорите.
Следуваше објава на колумна на познатиот удбашки соработник за македонската јавност, Владо Перев, во кој се лансираше идејата дека западните земји стојат во средината на македонско – бугарскиот спор. Неговите ставови се често форсирани од една бугарска новинска агенција, која координира со објавите на македонскиот портал ЗООМ.
Колумните и ставовите на удбашот Перев ги пренесува антимакедонскиот портал, финансиран од Красимир Каракачанов преку српска компанија, познат како Трибуна. Тој „медиум“ се смета за сопственост на партијата ГДУ на Петар Колев. Значи станува збор за организирана група која работи на антимакедонски ставови и на поддршка на бугарското вето за Македонија.
Скандалозен е фактот што редовно сите нарачки од Бугарија и Каракачанов ги исполнува порталот Инфомакс, близок на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Информациите говорат дека тој портал е дури финансиран лично од него. За скандалот да биде поголем, блискиот соработник на Мицкоски, Ристо Никовски објавува нарачана колумна од проруските бандити од Бугарија.
Во таа колумна соработникот на Мицкоски во целот ги извртува фактите и продава лажни вести дека бугарското вето е дел од американско сценарио за уништување на Македонија. Во таа скандалозна колумна, рускиот полтрон Никовски стои на ставот дека САД сакаат да ја уништат Македонија и дека тие се поддржувачи на Бугарија. Тоа е целосно спротивно на реалноста, каде САД ја предводат акцијата за влез на Македонија во ЕУ и за тргање на бугарското вето.
Дали дел од руската агентура во Македонија и Бугарија, покрај неколку портали и бугарска агенција, поранешни и сегашни удбаши, сепак влегува и екипата на Христијан Мицкоски? Ова е сериозен аларм, зашто станува збор за лидерот на опозицијата во Македонија. Со вакви активности се прави огромна услуга на премиерот Заев, за кој се создава впечаток дека нема алтернатива за управување на земјава.