ВУЧИЌ до ЕУ: Не го сакаме Косово во ОН и што сега, ќе не бомбардирате?

Балкан

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја коментираше донесената резолуција со 79% од пратениците во Европскиот парламент, а во врска Србија и одбивањето да воведе санкции за Русија.

Според него, оваа Резолуција е само вовед во она што ЕУ сака зад грб да и го направи на Србија, а тоа е да ја намести да се скара со Русија, а веднаш потоа да донесат нова Резолуција за признавање на Косово.

Не сме заинтересирани за меѓусебно признавање со Косово – истакнува Вучиќ.

Не го сакаме Косово во ОН и сега што? Ќе не бомбардирате? Ќе ни се заканувате со санкции?

Кризата помеѓу Косово и Србија се продлабочува и покрај тврдењето на ЕУ комесарот Борел дека е постигнат компромис за некакви си смешни регистерски таблички, без да ја гледаат големата слика и што се случува на Балкан под руско влијание.

ЕУ е позната по тоа што секогаш касно пали!