ОБИЏУКО портпарол на ОНИШЕНКО, еве што не му било јасно

Македонија, Хроника

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски звани Обиџуко, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека случајот со доделеното државјанство на контроверзниот соработник на Путин, Олександр Онишченко не е посебно проблематичен и дека на него нешто не му е јасно.

Обуџуко се чуди зошто на човек како Онишенко, со толку убав среден живот во Германија, му било потребно македонско државјанство?

Според него, нема потреба да се грижиме што сите светски бандити земаа македонско државјанство преку МВР во негов мандат, бидејќи замислете, случајот Онишенко немало да ја наруши безбедноста на земјата, и порача да спиеме раат, дека ќе има одговорност за тие што погрешиле во овој случај.

Спасовски вели дека се случуваат пропусти, но важно е да има одговорност. Само пропушти да каже дека тие пропусти многу често му се случуваат и не остана мафијаш од Турција, Србија, Косово, Албанија, Грузија, Казакстан, Узбекистан… без македонско државјанство.

-Секаде може да се случат одредени пропусти. Прашањето е дали тие пропусти ќе бидат оставени по страна или тие ќе бидат процесуирани. Овде одговорот е јасен и тоа директорот го соопштува – дека ги расчистува работиве и се преземаат соодветни мерки, рече Спасовски.

Спасовски рече дека Украинецот Олександр Онишченко, кој зема македонско државјанство, живее во Германија каде ги има сите документи, посочувајќи оти не му е јасно зошто на Онишченко му требале наши документи.

На прашањето дали во случајот со Онишченко некои пари завршиле во нечиј џеб, вели дека сите информации сигурно ги има раководството на АНБ, одбегнувајќи ја дирекната одговорност на МВР кое ја спроведува целата процедура, а он ја води таа институција.

-Сите тие информации, и не само информации туку и утврдени факти сигурно дека ги има раководството на АНБ и тие се тие што ќе ни ги соопштат на сите нас во однос на тоа како, што, зошто е направена, и на тој начин ќе се утврди и одговорноста, вели Спасовски.