
САМ СЕ ПРИЈАВИ, дали „шиткачот“ на пасоши застана на страната на Путин?
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во обид да го покрие срамот со криминално шиткање на македонски пасоши на белосветски преваранти, вели дека не постои потерница за украинскиот бизнисмен Олександр Онишченко, како и дека добил четири позитивни мислења.
Со ова самиот Обиџуко се пријави и застана зад путиновиот олигарх Онишченко, гонет до потреници од Украина и САД.
„Тоа што Онишченко е на црната листа на САД, не мора да значи дека станува збор за криминалец“, кажа Спасовски и остана жив. Конечно го покажа вистинското лице и страната на која игра, а тоа е измеќар на Путин.
Па уште се сили со изјава во име на целата влада. Дали Обиџуко е премиер или Таче? Дали цела влада е проруска и застанува зад интересите на Путин?
„Владата има дискреционо право да одлучи за доделување на државјанство за национален, економски, културен, спортски или научен интерес, но одлуката се носи по позитивни мислења од засегнати институции.
Онишченко има четири позитивни мислења, и тоа од Коњаничка федерација, Македонски олимписки комитет, Агенција за млади и спорт и Агенција за национална безбедност”, кажа Спасовски во 24 Анализа.
Спасовски исто така кажа дека за Онишченко не била распишана потерница, што е спротивно од фактите кои ги соопштива Украина и САД.
Дали Оливер Спасовски во име на Владата и СДСМ им објавува војна на Американците?