Пендаровски го ИЗБАЊА Маричиќ, кој шири лажни вести

Политика

Претседателот Стево Пендаровски вечерва изјави дека промената на Уставот со цел внесување на Бугарите во него, не е страшна и оти нема да ја дестабилизира државава, но како што кажа, според неговите информации, го нема потребното мнозинство во Собранието за тие измени да се направат.

– Јас сум прв за промена на Уставот за Бугарите во Устав, бидејќи не мислам дека тоа е страшно, и дека ќе ја дестабилизира Македонија. Освен Македонците, имаме и други делови од народи. Меѓутоа, ако ги немаме потребните 80 пратеници, како ќе ги направиме – рече Пендаровски во емисијата „24 Анализа” на ТВ24.

Според Пендаровски, како што вели, во овој момент максимум во сите комбинации 74 пратеници би гласале, било дали се на власт или во опозиција, за внесување на Бугарите во Уставот.

– Недостасуваат шест пратеници. Од ова што е остатокот од овие 74 до 120 не знам еден единствен кој вели – „се мислам можеби ќе гласам”. Не сум чул. Значи фактичката состојба е таа. Дали се разговара, да. Дали Владата треба да разговара со сите пратеници, одговорот е да – вели Пендаровски.

Претходно видепремиерот Бојан Маричиќ изјави дека се блиску до бројката од 80 пратеници, потребна за промена на Устав. Со оваа изјава, Пендаровски го избања Маричиќ и јавно соопшти дека е лажов, бидејќи нема ниту еден пратеник кој е потенцијален гласач за такви измени.

Кој е кредибилитетот на Маричиќ да продолжи да ја извршува функцијата вицепремиер, со вакви лаги и ширење на лажни вести?

Тој спомена серија посети на меѓународни претставници на земјава, меѓу кои, како што најави и посетата на германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер на државава на 29 ноември, за време на која ќе се обрати во Парламентот.

– Сите меѓународни преставници во агендата имаат да се видат со опозицијата и ќе ги прашуваат. Можеме да се чудиме зошто опозицијата, зборувам за главната опозициона партија, која вели немаме проблем со содржината на барањето, но пак не би гласале бидејќи бараат некаков тип на гаранција, да ви дадат гаранција дека ова е последно што го бараме, но сеедно сите тие кажуваат дека немаме намера ни денес, ни утре, ни до новите следни избори да гласаме – рече Пендаровски.

Според него, Владата треба да се обиде да разговара да го добие неопходното мнозинство.

– Јас до овој момент, не сум дел од Владата, не сум дел од Парламентот, до овој момент моите информации се дека нема ни близу 80 пратеници денес. Дали треба да има според мене, да. Стратешка цел е, утре сегашнава опозиција ќе биде на власт.

Сегашнава власт ќе биде опозиција.  Па ќе барате од утрешната опозиција две третини, ќе барате. Нели, ако ви е целта навистина ЕУ. Да не губиме време, меѓутоа очигледно калкулациите како ќе поминеме на следните избори, и што ни носи и што ни губи е доминантно – оценува Пендаровски.