РАМА ни се ЗАКАНУВА на Македонците, ќе биде фатално ако не смените Устав

Балкан, Македонија, Политика

Според албанскиот премиер, Еди Рама, фатално ќе биде ако не се смени Уставот за почеток на преговори со Европската Унија(ЕУ). А тој не си гледа неговиот албански шовинизам, кој е исплукан од цел свет.

Тој се заканува и вели дека ќе биде лошо ако по толку работа, Македонија се врати во изолација.

„Судбината беше да се здружат Македонија и Албанија во болка во долг период. За вас беше многу потешко, но и за нас не беше лесен пат. Измените во случајов за вашата земја мислам дека само слабоста, кратковидоста може да ја вратат за да имаме недоразбирање и да се создадат повторно проблеми“, изјави Рама.

Оваа суптилна закана до нас Македонците, Рама ја кажа во Скопје, на среде македонска Влада, пред очи и уши на Таче, а тој ниту гледа ниту слуша.

За македонскиот траги комичен премиер Димитар Ковачевски Таче, целта е земјата да стане полноправна членка на ЕУ.  Бара сите пратеници да се однесуваат одговорно за иднината на следните генерации и покрај тоа што од Брисел му најавија ново бугарско вето со нови услови.

Македонската опозиција е против внесување на Бугарите во Уставот. Бугарија инсистира на внесување на Бугарите во Уставот, за да може да прави нови уцени врз Македонија.

Дел од македонските политичари споменаа дека е потребен реципроцитет, односно и Македонците да ги внесат во бугарскиот Устав, што е ноторна глупост кога збориме за граѓански Устав како бугарскиот.