ВУЧИЌ објави БОМБА: Македонија плаќа НАЈСКАПА струја

Балкан

Српскиот претседател Александар Вучиќ објасни дека Србија има една од најниските цени на електрична енергија, додека, пак, Македонија ја има најскапата.

Погледнете ја Македонија, плаќа Хупекс цена, пазарна цена, истакна српскиот претседател Александар Вучиќ, објаснувајќи ја енергетската состојба на земјите од западен Балкан.

Токму таа енергетска состојба е стабилизирана во Србија, рече Вучиќ, но додаде дека во никој случај нема да биде лесно оти има уште 4 месеци долга зима.

Вучиќ објасни дека Србија има една од најниските цени на електрична енергија, додека, пак, Македонија ја има најскапата.

– Погледнете ја Македонија. Плаќа Хупекс цена, пазарна цена. И кога изнесуваше 300, дури и тогаш Македонците ја плаќаа струјата по таа цена. Кај нас со сите такси беше 66 – рече српскиот претседател во емисијата „Хит твит“ на ТВ Пинк.