СКАНДАЛ: Полицијата станува ДВОЈАЗИЧНА до 26 март 2023

Македонија, Политика

Се спроведуваат сите процедури, од март 2023 година полициските униформи да бидат на македонски и албански јазик, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Обиџуко Спасовски во емисијата „Патот Кон“ на ТВ Алсат.

„Оваа регулатива стапи во сила осмиот ден откако беше донесена и ќе започне да се применува најдоцна една година од влегувањето во сила, поточно најдоцна до 26 март 2023 година“, рече Оливер Обиџуко Спасовски.

Ова Оливер Обиџуко го соопштува јавно, без никаков срам, и покрај пресконференцијата која ја одржа заедно со Заев и ветуваа дека нема никогаш да има двојазичност во Полицијата и Армијата. Срамот очигледно е туѓа работа за ваквите луѓе.

Спасовски додаде дека се прават сите подготовки полициските униформи во првиот квартал од 2023 година да бидат на два јазика.

„Тие подготовки ги правиме и ќе се применуваат во согласност со законските одредби“, додаде министерот.

Тој објасни дека нема ниту еден Албанец во специјалната антитерористичка единица „Тигри“ затоа што единствениот кој се пријавил во прелиминарните тестирања покажал дека не знае да плива.

„Апелирам да се пријават повеќе од нив, за да го поминат тој курс кој е многу тежок“, наведе Спасовски и додаде дека во тестирањата за прием кај „Тигрите“ не смее да има никакви отстапки.

Веројатно Обуџуко мисли на отстапки како при приемот на навигатори на летање, каде мора да влезат „наши деца“, поточно подобни партиски војници на власта.