ДОБРО УТРО СО АМАТЕРКАТА И КАРАВАНОТ НА ТАЧЕ ЗА БУГАРИ ВО УСТАВ

Uncategorized, Добро утро, Европа, ЕКОНОМИЈА / ФИНАНСИИ, Македонија, Политика, Свет

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет

ГОЛЕМИТЕ ПАРТИИ – СИЛНО И ОДЛУЧНО ЗА БУГАРИ ВО УСТАВ

Врвните странски и домашни експерти се чини дека веќе немаат ништо убаво да ни кажат, но се почесто испраќаат многу песимистички предупредувања и навестуваат најлошите можни сценарија за кризата што не чека зад аголот. Затоа пак лидерите особено на големите политички партии шират лажен оптимизам заради опстојување на своите позиции.

На премиерот Ковачевски и својот партиски тим од СДСМ не му „чуе“ дека економските проблеми, де факто, само се зголемуваат. Геополитички тензии, закана од нова блоковска поделба на светот, рекорден раст на цените, заострување на монетарната политика која се чини дека е неколку чекори зад инфлацијата, високите цени на енергијата, опасноста од недостиг…

Светот „грми“ за последиците од сето ова, бара начини 24/7 за ублажување на кризата и се подготвуваат долгорочни планови за пост-кризниот период, а владеачката СДСМ се шета од град во град, од село во село и сее магла и чад под мотото „Силно и одлучно кон иднината“. СДСМ свесна дека ја губи поддршката и од своето членство за пакоста која ја нанесува па така нивниот караван тргна по своите членови на партиски трибини да ги убедува за БУГАРИ ВО УСТАВ, а попатно да им даде лажна надеж за да им трае илузијата одреден период додека го сторат она за што се договориле.

Наместо да им соопштат на граѓаните дека најголеми последици ќе трпат оние кои имаат кредити, знаејќи дека процентот на споменатите е дури 80%. Граѓаните само за потрошувачки кредити се должни кон банките за околу 600 милиони евра! На наредна трибина како врвен експерт во областа Таче треба да им објасни дека откако ФЕД ќе  ја зголеми каматната стапка, ЕЦБ ќе мора да ја усогласи и прилагоди својата каматна стапка, што значи дека во иднина ќе има уште едно зголемување, а ратите од кредитите ќе им бидат зголемени.

Исто така, кога ќе им сее магла како силно и одлучно ќе ги носи во иднината, треба да им каже дека Еврозоната е веќе во рецесија! „Добронамерниот“ Таче исто така треба да им соопшти на своите сопартијци дека светските економски експерти предвидуваат многу долг и грд период дури многу потежок во компарација со кризата од 70-тите години на минатиот век, кога  светот доживуваше енергетска криза, висока инфлација и стагфлација.

Откако ќе ја „посее маглата“ помеѓу сопствените редови,  ќе одржи средба со лидерите на другите парламентарни партии за да склучат меќусебен договор за да и тие „посеат магла“ помеѓу своите. Така ќе се одржи таа  квази лидерска средба, на која и претходи театрално однесување од опозиционите лидери, демек имаат некојси свој поинаков став. Повторно ќе предизвикаат лоша реторика помеѓу граѓаните кои пак повторно нема да ја решат доггогодишната дилема кои се „предавниците, а кои патриотите.

Ќе се напијат по едно кафенце, ќе се сликнат и ќе им ги соопштат на граѓаните заеднички донесените заклучоци, секако погубни за граѓаните и Македонија. Така и овојпат исто како и претходно ќе ја направат пакоста за која не подготвуваат катадневно. Така заеднички, тие лидерите на ГОЛЕМИТЕ политички партии во име на сите граѓани СИЛНО И ОДЛУЧНО ќе ги позиционираат и БУГАРИТЕ ВО УСТАВ!

Театарот ќе продолжи уште некое време се додека  трае илузијата, кога таа ќе  исчезне, ќе биде предоцна. Последиците преголеми и опасни.

АМА НАРОДОТ СИ ИМА ВЛАСТ КАКВА ШТО СИ ЗАСЛУЖУВА!