
Поранешниот министер Хајредини жестоко кон Заев
Пишува поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини
На својот фејзбук профил, поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини дирекно се обрати до Зоран Заев.
Заев и во иднина ќе стори сè што може, “стабилна коалиција” да обезбеди со Албанци за кои до неодамна јавноста ја убедуваше дека ќе одговараат за криминал и корупција. Кои се на црна листа на САД, кои се на удба верни до гроб, ќе продолжи од буџетот да плати гласачи на ДУИ во вид на општински и други “административци” кои не одат на работа. Партиски хулигани и функционери нема да бидат казнети кога со пукање од огнено оружје на плоштади и свадби рануваат присутни граѓани. Рамнодушно ќе гледа сеир како министрите доценти на ДУИ се изживуваат со градоначалниците од опозицијата, без да ја праша Теута каде ги троши парите, од буџетот на државата ќе го покрие најголемиот долг на општина Тетово и сигурно, како минатиот пат ќе дојде во Тетово, заедно со брат Љубе, со лажни ветувања, да ја поддржат по трет пат да биде на истата функција, како досега најнеспособна и најкорумпирана градоначалничка.
Единствен нејнизин “успех” ќе остане тоа што во Тетово, со помош на Сашо и Заев, без да вети, го донесе злогласниот Дака Давидовиќ од Никшиќ, некогашниот “министер” на воените злочинци Ратко Младиќ и Радован Караџиќ.
Напиша Хајредини на неговиот профил.