„Македонија пат“: Патиштата се проодни, екипите остануваат на терен (ФОТО)

Македонија

Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта во изминатот деноноќие активно работеше на одржување на безбедноста во сообраќајот и патниот сообраќај во државата се одвива непречено.

Сите расположливи капацитети и сета механизација е ставена во функција насекаде во Македонија со цел навремено расчистување на снегот.

Укината е забраната за тешки товарни возила на патен правец Ресен -Охрид превој Буково , а укината е и забраната на магистралниот пат А3 на патен правец Делчево-Граничен премин-Делчево. Сообраќајот на овие делници се одвива непречено.

Екипите на Македонија пат остануваат на терен и апелираме возачите да го прилагодат управувањето со своите возила согласно условите на патот.

Во прилог доставуваме фотографии од патните правци низ државата.

…