Сите сандали на Екатерина

Забава, Мода

Поранешната бугарска вицепремиерка и министерка за надворешни работи, преубавата Екатерина Захариева позната е на јавноста по нејзиниот стил на облекување. Тоа е оној стил за брзо соблекување, кој користи патент или широка облека.

Но сепак најголем впечаток оставаат сандалите на министерката. Тоа се нејзино омилено парче, па ги носи и кај треба и кај не треба.

Така присутните на свеченото отварање на споменикот на полковникот Каварналиев во Дојран се најдоа затечени од појавата на министрката во сандали.

Исто такво појавување Екатерина имаше на свеченото положување на цвеќе на гробот на Гоце Делчев.

Но министерката се надмина со појавата на најновите сандали со кои ја води предизборната кампања на ГЕРБ во нејзиниот роден Пазарџик. Очигледно министерката ја прилагодува гардеробата, согласно потребите каде се појавува и со кого се сретнува.