ФАКТ: Двајца МАКЕДОНЦИ ја поразија МАКЕДОНИЈА во Скопје

Спорт

Двајца Македонци ја поразија Македонија на фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Бугарија во Скопје. И двајцата родени во Пиринска Македонија.

Без да го оспоруваме нивното национално чувство, тие одлично знаат дека по етничка припадност се Македонци, исто како нивните баби и дедовци, родени во Пиринскиот дел на Македонија. Како бугарски државјани, сосема нормално е да настапуваат за репрезентацијата на Бугарија.

Моментално најдобриот фудбалер кој настапува за Бугарија е Македонецот Кирил Десподов, роден е во Кресна, Пиринска Македонија, и тој беше стрелец на голот.

Десподов е голгетер, член на Лудогорец.

Асистент на голот во Скопје беше Македонецот Радослав Кирилов, роден во Симитли, исто во Пиринска Македонија.

Радослав игра како крило, член е на ЦСКА 1948.

Да не заборавиме дека и Димитар Бербатов, познат како Митко Македончето од Благоевград, беше еден од најдобрите фудбалери во Европа кога играше активно фудбал.

Македонците секогаш биле и ќе бидат сила во фудбалот!