ВОНРЕДНИ ВЕСТИ: Маричиќ на погребот на Кралицата, имало бесплатна лапачка?

Живот, Забава

Официјален Лондон се подготвува за големиот настан и утрe треба да достави повеќе информации во врска со погребот на Кралицата Елизабета Втора. Тоа ќе биде политички настан сличен на погpeбот на Винстон Черчил во 1965 година, или на оној на Нeлсон Мaндела.

Засега едно се знае, а тоа е дека Путин нема да биде присутен на последното испраќање на кралицата Елизабета. Но многу поважно од Путин е кој ќе биде присутен од Македонија.

Македонската влада допрва треба да одлучи кој ќе биде испратен да присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора на 19 септември во Лондон.

Британското МНР веќе испратило писмо до сите странски амбасади во Лондон, вклучувајќи ја и македонската. Нотата содржи детали околу погребот, но не и директна покана.

Таче бил во бунило помеѓу двајцата кадри, кандидати за присуство на погребот на Елизабета. Едниот е вицепремиерот Маричиќ, кој ја обожавал англиската кујна, а вториот е МНР Бугар Османи, кој имал проблем од пеење на попови.

Останува на државите сами да одлучат на кој начин и на кое ниво ќе го проследат или одбележат овој настан, информираат од британските протоколарни служби, збунети од најавата дека овие двајца кадри се кандидати да ја претставуваат Македонија.

Лондон утре треба да достави повеќе информации во врска со погребот. Тоа ќе биде политички настан сличен на погребот на Винстон Черчил во 1965 година, или на оној на Нелсон Мандела. Освен претседатели и премиери, на погребот ќе присуствуваат и други кралски семејства од светот.

Доколку се констатира за точно дека на погребот ќе има јака бесплатна лапачка, за душа од Кралицата, повеќе од извесно е дека Маричиќ ќе не претставува, за да искористиме максимум од храната. Британија ќе забележи и запомни што е шампион во јадење! Држете се Британци!