ПАРАДОКСАЛНО ДОБРО УТРО ОД АМАТЕРКАТА СО „ДУДУЦИТЕ“ ОД ВЛАСТА

Балкан, Добро утро, Европа, Македонија

ВО ЕУ СО МОНОЛОГ НАМЕСТО СО  ДИЈАЛОГ

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет

Парадоксална е целава оваа драма за евроинтеграцијата на државата.

Ако за позитивна препорака, земјата мора пред се да биде европска,  да ги почитува принципите на слобода, демократија, да ги почитува човековите права и основните слободи и владеење на правото, нејасно е како би можеле да ја очекуваме истата со оглед на фактот дека моменталната власт  одлуките ги донесува на  неевропски начин и во отсуство на демократија!?

Пародоксално е власта  да очекува пристапни преговори, а сопствените граѓани да ги ограничува во слободата на говорот и мислата и тоа по желбите на соседна држава. За владеење на правото да не потсетуваме. И колку треба да си „ДУДУК“ да не разбереш дека апликацијата ни е НЕ ЕВРОПСКА, па камо ли да очекуваш да добиш членство.

Каков „ДУДУК“ треба да си и да се лажеш себе си, својот народ и европскиве претставници дека институциите ти се стабилни и гарантираат демократијата, владеење на правото, човековите права и почитта и заштитата на малцинствата!? Вистината е дека институциите ги дестабилизиравте со наплив на некадарници и партиски послушници по принципот на процентуална застапеност но не и по лични квалификации. Правото одамна не владее, а малцинството е толку многу заштитено што е во состојба да одлучува во име  за мнозинството! Понатаму вакви „НЕДОКВАКАНИ“ ќе гарантирате за  функционална пазарна економија, како и капацитет да се справува со конкурентскиот притисок и пазарните сили на Унијата!? Или можеби сте способнида ги преземете обврските за членство вклучувајќи го и придржувањето кон политичките, економските и монетарните цели на Унијата!?

Актуелнава состојба за пристапни преговори со ЕУ не може и не смее да биде оправдување за аматерски импровизации и парадоксални релативизации во интерес на некаква претпоставена „општа“ цел. Таа цел, прво, воопшто не е општа, и второ, се’ повеќе станува премногу „лична“ и – контрапродуктивна. Нема дилема дека најважното нешто во ова време е вербата на граѓанинот во државата зашто поголемиот дел од нас ја има само оваа држава. Затоа и повеќето од нас инсистираат на стручност, компетентност и решителност во промислувањето и спроведувањето на политиките на власта.

Ама тоа не подразбира само монолози на поединци од власта туку пред се’ ДИЈАЛОГ со стручната и компетентната јавност за сите важни одлуки што се донесуваат. Само така може да се дојде до целовити решенија во полза на општото добро. Но, повеќе од очигледно е дека целта не е „општото добро“. Моменталната власт успеа да ги деградира и изземе од целиот процес сите компетентни и стручни ликови со цел да не се воспостави дијалог врз основа на кој би се донеле заклучоци кои би значеле општо добро. Власта успеа против волјата на сопствениот народ да донесе заклучоци изнудени преку МОНОЛОГ на една соседна држава без око да и трепне.

Патот до посакуваната цел ЕУ за Македонија го претворија во трнлив, опасен и се’ по недостижен. Дијалог скоро и да не постои во досегашниот процес, напротив истиот се темели на еднострана волја и уцена која произлегува од нашата фрустрирана соседна Бугарија.