БОГОЈЕСКИ бара ЕУ знамиња и РАДИКАЛИЗАЦИЈА на протестите

Изјави, Македонија

Лидерот на Македонски Концепт, Петар Богојески преку социјалната мрежа фејзбук побара протестите против власта да се радикализираат и да добијат контекст.

Целосната содржина на објавата:

„ПРОТЕСТИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ!

Ако сакаме да падне “францускиот предлог”, протестите треба итно да се ГРАЃАНИЗИРААТ И РАДИКАЛИЗИРААТ!

1. Протестите се за влез во ЕУ, а не анти ЕУ;

2. Да се појават млади, европски, писмени, просперитетни ликови како говорници;

3. Да се тргнат сите партиски симболи / ликови од сцена, а да се појават 1000 знамиња на ЕУ и НАТО, покрај се разбира македонските, низ народот;

4. Да се прошират протести низ цела МК, сите градови и “пригодни локации”, не само Скопје;

5. Да се даде контекст на протестите;

Простете, ако нешто не успее да не ни замерувате, во овој момент јас и моите пријатели немаме сила и ресурси, ова што го пишувам да го реализираме!

Можеме само да предложиме како и што да се направи и да дадеме поддршка!

Простете уште еднаш!

Ако сакате да помине францускиот предлог, а да ги избркате сите општо граѓански поддржувачи и да го загушите отпорот… продолжете како вчера! (се мисли на јаловиот протест од вториот ден)

Јас и МКонцепт ќе останеме до последно во борбата за “Поинаку во ЕУ”„

Мое беше да ви кажам, а вие си знаете!“ – гласи објавата на Богојески