БАЈДЕН: Путин го наруши мирот во Европа, сега ние стапуваме на сцена

Свет

Претседателот на САД, Џо Бајден најави ново распоредување на војници од Америка во Европа.

-Путин го наруши мирот во Европа. САД и нашите сојузници ќе делуваат на сцена, докажувајќи им на сите дека НАТО е неопходен и поважен од било кога, изјави Бајден од Мадрид.

Тој додаде и дека САД ќе ја менуваат својата позиција на моќ во Европа и ќе дадат одговор на заканите од Русија.

-САД ќе го засилат своето воедно присуство во Европа, за да може НАТО да им одговори на сите закани кои доаѓаат од повеќе области, копно, воздух и море,- додаде Бајден.