ОТКРИЕН разговорот МАКРОН – ПУТИН, го оговараат БАЈДЕН зад грб

Свет

Францускиот државен ТВ канал Франс 2 емитуваше документарен филм во кој се прикажува таен разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и Емануел Макрон, претседателот на Франција, четири дена пред руската инвазија на Украина.

Во разговорот, Путин му кажува на Макрон дека „подобро би играл хокеј на мраз отколку да одлучи дали да се сретне со американскиот претседател Џозеф Бајден за да разговараат околу  избегнување на војната“, наведува Телеграф.

„Владимире, прво една работа“, се слуша како вели Макрон на почетокот на разговорот, кој се одржал утрото на 20 февруари. „Слушај, Емануел“, го прекинува рускиот лидер. И двајцата го користат неформалното „ти“ додека се обраќаат еден на друг.

Како течеше разговорот?

Макрон: Би сакал прво да ми ја дадеш твојата проценка за ситуацијата и можеби сосема директно, како што е твојата навика, да ми кажеш кои се твоите намери.

Путин: Што да кажам? И самиот гледаш што се случува. Зеленски лаже. Нашиот драг колега господинот Зеленски не прави ништо за да се придржува до Договорот од Минск.

„Ѓубре“, во разговорот се слуша како извикува влијателниот дипломатски советник на Макрон во Елисејската палата, Емануел Боне.

Макрон: Не знам дали твојот правен советник го научил законот! Што се однесува до мене, само гледам што пишува законски и се трудам да се држам до тоа. Не знам кој правен советник би можел да ти каже дека во суверена земја законите ги предлагаат сепаратисти, а не демократски избрани власти.

Путин: Тоа не е демократски избрана влада. Тие дојдоа на власт преку крвав пуч. Луѓето беа запалени живи. Тоа беше крвопролевање. А, Зеленски е еден од виновниците.

Макрон: Но, нас не ни е грижа за нивните предлози. Ќе го замолам Зеленски да ги смири сите и во војската и на социјалните мрежи. Не се препуштај на провокации од кој било вид во наредните денови.

Повикот завршува со предлогот на Макрон, Путин да одржи самит со Бајден.

“Да бидам искрен, сакав да одам да играм хокеј на мраз. Еве јас зборувам со вас од теретана пред да почнам да тренирам. Но, прво ќе разговарам со моите советници”, одговара Путин.

Макрон на тоа одговара: „Во секој случај, благодарам Владимир. Ќе останеме во контакт. Кога ќе има нешто, побарај ме“!