СУЛТАНОТ го свитка опавчето, има да слуша или на клоци од НАТО

Свет

Турција го поддржа членството на Финска и Шведска во НАТО, соопшти кабинетот на финскиот претседател Саули Ниинисто, а во меѓувреме истата изјава дојде и од НАТО.

Министрите за надворешни работи на Турција, Шведска и Финска, наводно, потпишале меморандум за проширување на НАТО со двете северноевропски земји и за укинување на блокадата од страна на Турција за нивниот пристап. Така полесно им на Турците да објаснат дека султан Ердо го свиткал опавчето.

– Постигнат е трипартитен договор, беше кажано во НАТО, чиј генерален секретар Јенс Столтенберг наскоро треба да открие повеќе детали.

Ваквиот развој на настаните доаѓа на Самитот на лидерите на НАТО во Мадрид.

Како што е познато, турскиот претседател со желба да стане султан Реџеп Таип Ердоган јасно изјави дека додека е тој шеф на Турција, нема влез во НАТО за Финска и Шведска. Тој тресеше зелени дека двете земји се рај за терористите, мислејќи на различните курдски политички актери кои дејствуваат таму.

Стокхолм и Хелсинки изразија намера да влезат во НАТО по руската инвазија на Украина. Секако тоа ќе се реализира, откако САД му го покажаа местото на Турција, а султанот свитка опавчето и сега веќе не гледал терористи во тие две земји. Тие магично исчезнале.