ПОЕНТА НА ДЕНОТ за балканска манџа со ФРАНЦУСКИ зачин

ПОЕНТА НА ДЕНОТ

ПОЕНТА НА ДЕНОТ

Францускиот предлог за решавање на бугарското прашање во Македонија отвара одлична можност за трајна македонско – бугарска војна.

Колку подолго таа војна ќе трае, толку подобро за француските интереси на Балканот.

Многу добро ни се познати тие интереси, а тоа е центарално управување на „Отворениот Балкан“ под јуриздикција на Белград.

Француско – српската врска е трајна, темелна, стратешка и одржлива. Во тоа инвестираат двете држави, Франција и Србија.

Француско – руската врска е трајна, темелна, стратешка и одржлива. Во тоа инвестираат двете држави, Франција и Русија.

Русија е газдарица на Бугарија, па согласно франциуско – руската врска, македоно – бугарската војна ќе биде соодветно поткрепена.

Заклучокот е јасен и недвосмислен.

Францускиот предлог не е со цел Македонија да влезе во ЕУ, туку да остане во српски свет што е можно подолго, трајно и одржливо.

Кога тој „српски свет“ ќе биде готов да влезе во ЕУ, тогаш и Македонија ќе си го припушти тој луксуз.

На кој ова не му е јасно, подобро подалеку од политика и општествено некорисна работа.

пишува, ПОЕНТИРАЧОТ!