
ДАЛИ ЗНАЕТЕ за саркофакот со кој од Бугарија е донесен ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
ДАЛИ ЗНАЕТЕ?
Пишува Гордана Јанакиевска
ДАЛИ ЗНАЕТЕ… Нестор Алексиев Мирчевски од државниот врв во 1946 година добил задача за 21 ден да изработи саркофаг за да се пренесат моштите на Гоце Делчев од Софија.
За да го изработи саркофагот во рокот, работеше ден и ноќ. Подножјето на ковчегот го сочинуваат четири лавовски шепи тетра под со профирано цокле од сите страни со една вдлабнатина и две издадени хоризонтали.
На предната страна во средината на барокниот медалјон има лаворов венец – симбол на победата, а во него е претставен ликот на Гоце Делчев.
На страните се претставени тогашните грбови на Југославија и на Македонија. На задната страна врежана е симболичната порака на македонското знаме „Смрт или слобода“ од револуционерниот комитет.
Пред да ја заврши резбата на ковчегот маката му била што во дотогашната работа во вакви случаи секогаш ставал крст. Дилемата му била дали во постојната политичка констелација смее да се изработи крст на саркофагот.
Споделувајќи ја маката со присутните, ја добил поддршката и на рачката на капакот изрезбал стилизиран крст украсен со лисја.