СКЕНДЕРБЕГ последниот македонски крал

ИСТОРИЈА

Ѓорѓија Кастриот, познат како Скендербег или Искендер, во превод Александар е личноста која ја бранува јавноста низ цел Балкан, а врз база на неговиот мит е изграден современиот албански идентитет, кој не постоел за време на животот на овој јунак.

Оние кои го проучуваат ликот и делото на овој средновековен деец, често истакнуваат само дел од неговата лоза и потекло, како доволен аргумент за неговото македонско потекло.

Дедо му се викал Стефан Кастриот, татко му Јован (Иван) Кастриот, а мајка му Воислава (внука на Крале Марко).

Имал тројца браќа: Станиша, Репош и Костадин, а славниот Андреш Лазаре му бил дедо, вујко на мајка му.

Татко му Јован изградил манастир и камбанарија на Света Гора, а брат му Репош бил монах, Игумен, закопан е на Хиландер.

Надимакот даден од Османлиите – Искендер Беј во буквален превод од турски значи принц Александар. Тој бил целосен припадник на македонската култура, себе си се идентификувал како наследник на македонската династија на Александар Велики, нешто што во исто време го посакувале и Османлиите.

Скендербег себе си се прогласил за “Христов воин”, ослободител на Кроја, Дебар и Скопје. Формирал “Лига” заедница на словенските народи или народите од словото Божјо. По ослободувањето на сите конвертити словени, односно исламизирани словени, кои не сакале да се вратат во “верата на нивните татковци” – Православие, им дал три можности: да се иселат, да плаќаат глоба како Турци или да бидат погубени.

Се оженил со војвотката Даница Донка, ќерка на кнезот Георге Комнен и кнегињата Ангелина Требош. Токму двоглавиот орел од ромејската династија на Комнените го зема како свој симбол на православната вера и држава за која се борел и загинал.

Ѓорѓија и Донка имале повеќе деца од кои само синови: Максим, Бранко, Иван и др.

Во светската историја е запишан како последниот македонски крал. А во сите музеи и енциклопедии под неговата слика пишува: Крал на Ематија (Епир) и Македонија.