БУГАРСКИ ПАНАЃУР: “Клубот” Ванчо Михајлов направен за да биде опожарен!

Балкан, Македонија

Петар Богојески за опожарениот клуб Ванчо Михајлов со поразлична  објава на Фејсбук:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=553279116169363&id=100044618371017

ОПОЖАРЕН бил “клубот” Ванчо Михајлов😂

Па тој беше направен за да биде опожарен… во клучен момент, за клучна провокација… да се попречи на евентуално решение на бугарското прашање во Македонија!

Истиве финти удба им ги прави на Бугариве веќе 80 години, а тие продолжуваат да се палат како млади мајмуни…

Не ќе да е кабаетот во удба… до мајмуните ќе да е… кои ништо не научија 80 години!

Која мизерија се ова врховистиве… тоа е чудо некое!

Ајде сега Кирчо нека се “обади” до Таче исто како за тој свеќарот што го тепаше жена му зашто бил Бугарин… па Руменко до Стево за да каже дека е социјалист – болшевик, но силно го љуби Ванчо Михајлов, кој цел живот ништо друго не правел освен што убивал такви како него… и циркузот нека продолжи!

Кога е бал, нека биде маскенбал!
Во случајов бугарски панаѓур!

Македонските власти остро го осудија опожарувањето на влезот на културниот центар на бугарската заедница „Иван Михајлов“ во Битола. За бугарските политичари тоа претставува уште една провокација.

Преку Фејсбук реагираше  потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, која говори за уште една провокација и дел од масовната антибугарска кампања што започна веднаш по отворањето на клубот.

„Само брзите активности на надлежните институции во најкус можен рок за откривање на сторителите ќе докажат дека кај нашиот западен сосед се почитуваат правата на Бугарите, како и на сите други националности, додаде потпретседателката на Бугарија во својата објава на Фејсбук.